21:40 - 2 април, 2026

Амбер Херд продолжува понатаму; Ги отпушти адвокатите, нов правен тим ќе ја застапува за процесот на жалба: „Со нетрпение ја очекуваме можноста да ја застапуваме г-ѓа Херд“

Актерката официјално поднесе жалба на пресудата во јули.

Актерката Амбер Херд ангажирала нов правен тим кој ќе ја застапува за време на процесот на жалба на пресудата во судењето со поранешниот сопруг Џони Деп.

По шестнеделното судење, поротата одлучи дека написот објавен во 2018 година во Вашингтон пост, во кој актерката се позиционирала како јавна личност која ги застапува жртвите на семејно насилство, го клеветела нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.

Актерката формално поднесе жалба на пресудата во јули, а сега собра нов правен тим за да и помогне во случајот, отпуштајќи го претходниот.

Во понеделникот актерката објави дека ангажирала нови адвокати Дејвид Л. Акселрод и Џеј Вард Браун. Бен Ротенборн, кој ја застапуваше за време на судењето, ќе остане во тимот како бранител, додека нејзиниот друг адвокат, Елејн Бредехофт, се повлекува.

Портпаролот на Амбер Херд рече за жалбата: „Кога станува збор за заштита на основното право на слобода на говор, ние ја гледаме одлуката на поротата „не како почеток на крајот, туку само како крај на почетокот.’ Друг суд бара поинакво застапување, особено затоа што сега излегуваат на виделина толку многу нови докази“.

Во заедничката изјава, Акселрод и Браун додадоа: „Со нетрпение ја очекуваме можноста да ја застапуваме г-ѓа Херд во оваа жалба бидејќи станува збор за важни импликации од Првиот амандман за секој Американец“.

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....