2.8 C
Скопје
18:26 - 20 декември, 2024

Александра Пријовиќ вака го слави Божиќ: А знаела и да заплаче ако не ѝ падне паричката

Александра Пријовиќ ја одбележа претходната година покрај со мегауспешниот албум, и со серија спектакуларни концерти во арените низ целиот регион. Фолк ѕвездата ќе го прослави Божиќ со семејството, со надеж дека ќе повтори слични успеси во 2024 година.

„Нема ништо поубаво од големо и среќно семејство. Јас и Филип уживаме со нашиот син Александар и би сакале да имаме големо семејство. Никогаш доволно деца. Дај Боже, многу би сакале да имаме уште пет деца! Минатата година работев многу и сега секоја минута помината со нив многу ми значи – раскажува Александра за српски Информер.

Фолк ѕвездата вели дека Филип и оваа година бил задолжен за подготовка на божиќната трпеза бидејќи е одличен и знае како тоа да го направи.

„Јас не сум некој мајстор за готвење, тоа секогаш го прави некој друг. Филип многу добро готви и не можам да се натпреварувам со него во тоа, но се трудам да му помогнам. На Божиќ секогаш имаме божиќна погаќа и се останато што оди со неа“ – вели пејачката.
Пријовиќ се присети како го прославувала Божиќ како мала и призна дека знаела да заплаче ако паричката не се паднела кај неа.

„Очекував да ја најдам, но никогаш не успеав. Честопати знае да заплачам затоа што не ја најдов паричката во погачата, но тоа беа класични детски бубачки. Се сеќавам дека дедо ми секогаш ја носеше елката во куќата, а баба ми подготвуваше ручек и се трудеше секогаш да има многу месо, салати и колачи на масата. Тоа беа убави моменти“ – вели Александра.

Една од најголемите балкански ѕвезди се наврати на претходната година, во која исполни пет арени во Загреб и три во Белград, а одржа по три големи концерти во Ниш и Сараево и два во Тузла. Вели дека е презадоволна и дека би сакала да наполни уште повеќе арени.

„Сакам шест арени во еден град! Зошто да не! Би сакала да пеам секој ден бидејќи уживам да бидам со публиката. Секој момент со нив е скапоцен за мене. Би сакала да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои присуствуваа на концертите. Едвај се задржав да не плачам цело време. Не ги криев емоциите и имаше моменти кога не можев да се контролирам, па капна и неколку солзи. Благодарност до сите мои колеги кои дојдоа и ме поддржаа“ – изјави пејачката.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо
Се вчитува....