00:34 - 6 април, 2026

Алек Болдвин стана татко по 8-ми пат, со сопругата Хиларија добија уште една ќеркичка

Алек Болдвин официјално е татко на осум деца. 64-годишниот актерот и неговата сопруга Хиларија Болдвин ја добија ќерката Иларија Каталина Ирена Болдвин. Таа е родена во четвртокот, на 22 септември.

Среќната вест ја сподели Хиларија на социјалните мрежи.

– Многу сме возбудени да ви го претставиме нашиот мал сон. Нејзините браќа и сестри се толку возбудени и сите дебатираат на кого таа најмногу личи – напиша 38-годишната поранешна инструкторка по јога.

Таа и Алек во март потврдија дека повторно ќе станат родители.

Заедно имаат уште шест деца: Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (5), Ромео (4), Едуардо (2) и Марија Лусија (18 месеци). Алек ја има и 26-годишна ќерка Ајрланд со поранешната сопруга Ким Бесинџер.

Парот важи за еден од најстабилните во Холивуд, тие се во брак од 2012 година, по врската која траела неполна година. Ја прославија својата 10-годишнина во јуни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....