8.8 C
Скопје
09:50 - 20 февруари, 2026

Ако победи Путин, сите ќe платиме многу висока цена – Столтенберг бара поддршка за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика членките на Алијансата да продолжат да и помагаат на Украина, бидејќи ако и се дозволи на Русија да победи, сите ќе платат висока цена.

– Ако дозволиме Путин да победи, сите ќе мора да платиме многу повисока цена. Авторитарните режими ширум светот ќе научат дека можат да го добијат она што го сакаат со брутална сила, рече Столтенберг на седницата на Парламентарното собрание на Алијансата, што се одржува во Мадрид.

Тој, исто така, посочи дека сојузниците во НАТО мора да бидат подготвени да ја поддржат Украина на долг рок.

– Да, знам дека оваа поддршка има цена. Во нашите земји, многу луѓе се соочуваат со криза на трошоците за живот. Сметките за енергија и храна растат. Ова се тешки времиња за многумина, нагласи Столтенберг, се вели во соопштението на НАТО.

Тој додаде дека цената што ја плаќаат НАТО-сојузниците се мери во пари, додека Украинците ја плаќаат со крв.

Говорејќи за можноста за проширување на НАТО алијансата, Столтенберг рече дека „дојде време да се финализира процесот на пристапување на Финска и Шведска како полноправни членки на Алијансата“.

– Тоа ќе ја направи НАТО алијансата посилна, а луѓето во тие земји многу побезбедни, заклучи Столтенберг.

Тој нагласи и дека зголемувањето на инвестициите во одбраната на членките ќе биде важна тема на самитот во Вилнус следната година.

Столтенберг очекува сојузниците да ги зголемат буџетите за одбрана бидејќи, како што рече, „два проценти од БДП за инвестиции во одбраната треба да се сметаат за долната, а не горната буџетска граница“.

Слични објави

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.
Се вчитува....