14.8 C
Скопје
14:57 - 18 декември, 2024

Ајнштајнова загатка за проверка на интелигенцијата: Проверете дали сте и вие еден од генијалците кои можат да ја решат

Ајнштајновиот тест за интелигенција е логички тест, а се тврди дека можат да го решат само 2 проценти од луѓето. Го добил името по славниот Алберт Ајнштајн бидејќи како што се претпоставува научникот го измислил уште кога бил на млад.

Проверете дали сте и вие еден од генијалците кои можат да го решат?

Задача
Пет куќи се обоени во пет различни бои и во сите куќи живеат луѓе со различна националност.

Петте сопственици пијат различни пијалаци, свират на различни инструменти и чуваат различни домашни миленичиња, односно ниту еден од нив нема ист миленик, инструмент или пијалак како другите.

Ваша задача е да одговорите кој има риба како домашно милениче.

Има само едно решение, а патем треба да откриете кој во која куќа живее, од која националност е, каков пијалак пие и на кој инструмент свири.

Податоци кои се потребни да се реши задачата:

1. Британецот живее во црвената куќа
2. Швеѓанецот чува куче
3. Данецот пие чај
4. Зелената куќа е лево од белата
5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе
6. Оној што свири на виолина одгледува птици
7. Сопственикот на жолтата куќа свири на клавир
8. Сопственикот на средната куќа пие млеко
9. Норвежанецот живее во првата куќа
10. Човекот што свири на труба живее покрај оној што чува мачки
11. Човекот што чува коњи живее до оној што свири на клавир
12. Оној што свири на хармоника пие пиво
13. Германецот свири на гитара
14. Норвежанецот живее покрај сината куќа
15. Човекот што свири на труба има сосед што пие вода

Прашањето е кој чува риби?

Мислите дека знаете? Проверете го решението.

Решение
Рибите ги чува Германецот, кој притоа живее во зелената куќа, свири на гитара и пие кафе.

Дали и вие дојдовте до тоа решение?

Ако е така, ви честитаме, спаѓате во групата генијалци, односно во оние 2% најпаметни луѓе од целата популација.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....