14.8 C
Скопје
18:38 - 26 март, 2026

Аферата со прислушувањето во Грција извади нови имиња на функционери – Сириза бара оставка од Мицотакис

Нова листа со , на која, меѓу другите, се и Поранешниот началник на грчката полиција, обвинителката во Националната служба за разузнавање, но и владиниот портпарол се на новата листа на прислушувани со софтверот „Предатор“ , објави грчкиот весник „Документо“.

Опозициската СИРИЗА бараат од Мицотакис, или да даде одговори или да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина.

Проопозицискиот весник пишува дека конкретните лица, биле прислушувани со „Предатор“ по наредба од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а на новата листата со 33 имиња, освен поранешниот началник на грчката полиција, обвинителката во Националната служба за разузнавање и владиниот портпарол се и министерката за образование, пратеник од ПАСОК, генерални секретари, обвинител, бизнисмени итн.

Од СИРИЗА преку соопштение коментираат дека со она што го објави весникот „Мицотакис повеќе не е обвинет за следење на неговите противници и соработници, туку за организирање и извршување на невидена уставна и демократска диверзија“.

-Или ќе даде убедливи одговори за диверзијата или ќе треба веднаш да си поднесе оставка, бидејќи тоа што го направи е многу сериозна опасност за самата демократија, соопштија од СИРИЗА.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому одговори дека „уставна и демократска диверзија е тоа што СИРИЗА се обидува да создаде услови на политичка аномалија со целосно усвојување на недокажани тврдења“, додека пак за издавачот на „Документо“, новинарот Костас Ваксеванис рече дека „ неговите митови и шпионски романи се пишуваат за да се создаде наратив за оправдување на поразот на СИРИЗА што се наѕира на претстојните избори“.

-Владата, прва во Европа, претстави комплетна законска рамка за справување со малициозни софтвери, а во исто време силна е нејзината политичка волја за целосна истрага на правдата и расчистување на сè што е објавено од медиумите, со цел да се дефинираат реални димензии на случајот во Грција, од моментот кога такви софтвери се појавија уште за време на Владата на СИРИЗА, рече Иконому во писмената изјава.

Пред три седмици весникот „Документо“ ја објави првата листа со 33 лица, за кои пишуваше дека преку софтверот „Предатор“ и Националната служба за разузнавање (ЕИП) биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер, во чија надлежност е и ЕИП.

На првата листа беа меѓу другите беа и: поранешниот премиер од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, министрите за развој, туризам и труд, како и нивните сопруги, министерот за финансии, заменик министерот за одбрана, алтернативната владина портпаролка, поранешните министри за заштита на граѓаните итн, но и личности поврзани со големите бизнисмени во Грција, како и лидерот на ПАСОК- Движење на промена.

Слични објави

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

(Фото) Каков сладок живот! Маја Шупут и Шиме повторно патуваат, објавија фотографии од популарната дестинација

Еспресо

Ханка Палдум не излегува од куќата во Сараево, соседите открија детали: „Плачеше со денови…“

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

(Видео) Ела Дворник сподели снимка со мистериозен маж кој ја прегрнува во кревет

Еспресо
Се вчитува....