23:26 - 6 април, 2026

Адриан Гаџа скршен од болка, загуби драга личност

Пејачот Адриан Гаџа е скршен од болка до загубата на драга личност, од која се прости на неговиот инстаграм-профил.

Албанската и македонската јавност вчера со голема тага ја прими веста за смртта на поп-пејачот Шпат Касапи, кој почина како последица на ненадеен срцев удар.

И покрај брзата медицинска интервенција, 40-годишниот пејач не успеал да го преживее инфарктот. Според најблиските, тој претходно не се жалел на сериозни здравствени проблеми.

Шпат Касапи беше едно од најпопуларните имиња на современата албанска музичка сцена. Роден на 1 мај 1985 година во Тетово, Касапи потекнуваше од семејство со длабока музичка традиција, која уште од детството го насочила кон уметноста.

Неговиот талент брзо се развиваше, па веќе на почетокот од 2000-тите започна да гради професионална кариера што за кратко време го претвори во идол на младата публика.

Шпат Касапи имаше сопруга и едно дете. Син е на пораанешната пратеничка Ѓулумсер Касапи.

Фото / Инстаграм

Неговиот колега и пријател Адријан Гаџа, се прости од него со овие зборови: „Почивај во мир пријателе мој, уметнику со многу таленти и добро срце“.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....