7.8 C
Скопје
22:41 - 13 март, 2026

Адел јавно призна: До пладне знаев да испијам четири шишиња вино

Позната е дека Адел отворено зборува за теми како менталното здравје, а овој пат се отвори за проблемот со алкохолот.

Пејачката Адел (34) на концерт во Лас Вегас призна дека пиела големи количини алкохол за време на карантинот поради коронавирусот.

Држејќи чаша вино на сцената, таа на публиката и призна дека до пладне пиела по четири шишиња вино.

– Се сеќавам кога дојдов овде за време на изолацијата,  до 11 часот ќе испиев четири шишиња вино. Како и сите ние, и јас сакав да издадам албум во 2020 година, но завршив дома со алкохол – изјави пејачката.

Адел додала дека го исклучила алкохолот од животот кога почнала да вежба и да се храни здраво.

– Престанав да пијам. Тоа е одличен начин да се запознаете себеси – да пиете вода и да останете трезни – заклучила таа.

Алкохолот не е единствената работа за која пејачката отворено зборуваше. Неодамна таа пред присутните зборуваше за уште една важна тема, менталното здравје. Таа исто така откри дека повторно отишла кај терапевт по разводот од поранешниот сопруг Симон Конецки (48) во 2019 година.

фото- инстаграм

Со оглед на тоа дека пејачката љубовниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, фановите се израдуваа кога таа неодамна јавно му изјави љубов на својот вереник Рич Пол (41) на нејзиниот концерт, каде што му отпеа неговата роденденска песна. Адел и Рич се запознале на забава пред неколку години, а својата врска ја објавија летото 2021 година.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....