16:03 - 10 ноември, 2026

Аца Лукас го избриша дуетот со Маја Беровиќ од Јутјуб: „Нема повеќе да заработуваат на мое име“

Дуетот „Проблем“ што Аца Лукас го сними со Маја Беровиќ во 2019 година е целосно отстранет од Јутјуб, откако фолкерот побарал спотот да биде избришан од платформата. При пребарување на песната, сега стои известување дека видеото не е достапно поради барање за авторски права од Лукас.

Од неговиот тим објаснуваат дека пејачот нема намера други изведувачи да заработуваат на неговите дела.

„Песната е симната од друг канал бидејќи Аца ги полага сите права. Тој како уметник нема повеќе да дозволи некој да заработува врз основа на неговото име и работа“, изјави Саша Мирковиќ, сопственик на ‘Хајп’ продукција и телевизија.

Лукас дополнително беше мошне јасен: „Особено не некои пејачки што никој не ги ни знае“.

По отстранувањето на спотот, реагираше и самата Беровиќ. Таа тврди дека не знае зошто песната е избришана и дека дуетот никогаш не бил нејзина сопственост.

„Песната ‘Проблем’ не е моја. Јас бев поканета од Аца Лукас да снимиме дует. Не знам зошто е тргната песната, никогаш не сум ни прашала“, изјави пејачката.

Ова не е единствениот дует што Лукас го избришал од платформи. Слична судбина претходно имале и соработките со Ивана Селаков и Цеца Ражнатовиќ.

Фолкерот одамна инсистира дека неговите песни нема да стојат на туѓи канали без договорена заработка.

„Не може повеќе некој да има песна со мене на свој канал, а да не плати ништо. Учествував во реализацијата, придонесов да бидат слушани, а само другите заработуваа. Нема повеќе. Ни кај баба нема за џабе“, изјави тој порано за српските медиуми.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....