6.8 C
Скопје
21:30 - 19 март, 2026

Бресквица се сели: Во тајност гради нов дом во Белград

Бресквица наскоро ќе се пресели во нов дом кој, според медиумските наводи, со месеци го градела во тајност во Белград. Таа на Инстаграм објави фотографија од новиот простор со пораката „New home loading“, со што најави дека вселувањето е блиску. Според извори блиски до пејачката, поголем дел од својата заработка го вложила во изградбата на куќата, додека остатокот го инвестирала во нов албум и во кариерата. Иако важи за една од најангажираните млади ѕвезди на сцената, таа внимателно управува со финансиите и донесува зрели одлуки, а создавањето сопствен дом ѝ било еден од главните приоритети. Куќата, наводно, ќе биде уредена целосно по нејзина мерка и вкус.

На 21 февруари Бресквица беше специјална гостинка на концертот на Пеџа Јовановиќ во Арена Загреб, каде што ја изведоа дуетската песна „Забранјена љубв““ и ја воодушевија публиката. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека има некаква врска со Лука Дончиќ откако беше забележано дека тој често лајкува објави на Бресквица, додека наводно подолго време не реагирал на објавите на својата свршеница. Дел од коментарите ја нарекуваат Бресквица „модел“ и ги ставаат лајковите на Дончиќ во фокусот на разни претпоставки, но сè засега останува на ниво на интернет-шпекулации без официјална потврда.

Слични објави

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо

„Никогаш не сакав да му припаѓам само на еден маж“: Урсула Андрес, фаталната жена која сакаше без ограничувања

Еспресо

Жестока расправија меѓу Цеца и Снежана Ѓуришиќ: „Немој да се расправаш со мене додека зборувам!“

Еспресо

(Видео) Спектакл за 41-виот роденден на Станија: Мини фустан, шампањ и танц на маса

Еспресо

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо
Се вчитува....