7.8 C
Скопје
10:18 - 1 април, 2026

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

Раде Шербеџија

Раде Шербеџија отсекогаш важеше за голем заводник и вистински шармер, и веќе со децении ужива во среќен брак со Лена Удовиќ, но пред неа лудо ја сакал убавата Иванка, со која беше во љубов речиси две децении.

Првата жена на Раде Шербеџија беше Иванка Церовац од Загреб, негова врсничка, која од милост секогаш ја нарекувал балерина и која на прв поглед му го освоила срцето.

Во далечната 1969 година, Раде дипломирал на Академијата, а Иванка во Школата за ритмика и танц. Беше тоа вистинска, искрена љубов, но и покрај тоа што беа сродни души, не им беше судено нивниот брак да опстои. Првите години ги обележаа и нивните први професионални успеси.

Шербеџија брзо добил ангажман во Градското театарско „Гавела“, каде играл Шекспирови улоги во „Хамлет“ и „Ричард Трети“, додека Иванка станала танцов кореограф во Загрепскиот театар на младите.

Двојката добила две деца – 1971 година се родил син Данило, кој го добил името по таткото ма Раде, а две години подоцна ќерка Лусија. Со растот на славата, брачната врска со Иванка почнала да се распаѓа.

Интересно е што Шербеџија во својата песна „Хамлет машина“ од 1992 година, во стиховите ја признава сопствената вина за крахот на бракот. Тој пишува за „машина за перење“ што ја купил на својата љубена по венчавката:

„Искра или Олимпија, така се викаше и редовно и вредно переше, потоа со моите први ситни неверства почна да се расипува …“

 

Се развеле во 1987 година, а тој Иванка ѝ посветил и збирка песни со емотивни стихови:

„Од нас не остана ништо освен две возрасни деца кои со своите животи уверуваат дека сето тоа не беше само сон и привид.“

Бившите сопружници останале пријатели и по разводот, се до 2010 година кога Иванка ненадејно починала од мозочен удар на 63-годишна возраст. Веста длабоко го погодила Раде, кој никогаш нема да ги заборави спомените од младоста.

Популарниот актер денес е оженет со Лена Удовиќ, со која има три деца – Нина, Милица Алма и Вања.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....