15:31 - 12 декември, 2025

(Фото) Еве како изгледа куќата на Ведрана Рудан, стара 400 години: „Мајсторот ме навреди, а јас му возвратив!“

Писателката Ведрана Рудан, позната по остриот хумор и директниот став, еднаш ги отвори вратите од својот дом во Риека и покажа како изгледа куќата во која живее – старо камено здание кое, како што вели, има дури 400 години.

Ведрана откри дека куќата ја пронашол нејзиниот сопруг, додека таа на почетокот била скептична бидејќи изгледала како урнатина.

Своите искуства со адаптацијата на куќата ги сподели со екипата на РТС кога еднаш ги угости.

„Сопругот ја пронајде оваа мала, стара куќа. Мислам дека ова здание има 400 години, тоа е споменик од нулта категорија“, истакна Ведрана.

„Кога ја видов таа урнатина, се згрозив. Ми се допадна, но му реков на сопругот: ’Немој кога ќе се заглавиш со мајсторите да ме прашуваш нешто.‘ И денес е така, постојано нешто работиме по куќата“, кажа таа во емисијата „ТВ лица како сав нормалан свет“.

Ведрана откри и една анегдота со мајстор која длабоко ѝ се врежала во сеќавањето.

„Еднаш ме навреди мајстор кога дојдов по сопругот во кафеана: Остави го на мир, ова е најлошата жена на светот. Јас му возвратив: Како не ве е срам така да зборувате, првпат се гледаме во животот, а вие лупате! А тој ми вели: Јас, жено, ти ја изградив куќата. Потоа му реков дека е ’квалификуван‘ за тоа што го зборува, но сепак му ја испив крвта“, раскажа Ведрана.

Откри и дека погледот на морето од дневната соба веќе не ја воодушевува, бидејќи покрај море пораснала.

„Пораснав покрај море, така што погледот на морето одовде не ме возбудува. Но каде и да сум, ако нема море, секогаш мислам дека зад зградите и дрвјата во далечината мора да има море. Тоа е во мене, но не толку што би шетала покрај море и би фрлала камчиња“, заклучи таа.

Да потсетиме, Ведрана Рудан минува низ тежок животен период бидејќи се бори со тешка дијагноза, а по денови поминати во болница, неодамна ја собра целата фамилија во својот дом.

Во колумната на својот блог, Ведрана објаснува како заедно ручале, а неколку пати истакна дека тоа бил најубавиот ручек во нејзиниот живот.
Галеријата можете да ја погледнете ТУКА.

Слични објави

Седум години твоето име е молитва: Андријана Јаневска е неутешна

msp-admin

„Ми беше потребна стручна помош“: Марија Микиќ за првпат проговори за пропаѓањето на нејзиниот брак

Еспресо

Земам бакшиш колку четири просечни плати за една вечер: Фолк-пејачката се отвори

msp-admin

(Фото) Огњен Амиџиќ непрепознатлив! Водителот во опуштено издание, еве со кого се дружи додека ја чека приновата

Еспресо

Нашата врска е посилна од смртта: Соња Тарчуловска со тажен спомен за мајка ѝ

msp-admin

Јована Јеремиќ ја преплавија емоции поради колегата кој почина: „Не дозволи влакно да ми фали од глава“

Еспресо
Се вчитува....