00:19 - 7 април, 2026

„Во авион се опивам да не знам каде сум, па мора да ме изнесат“: Нада Топчагиќ никогаш не била поискрена, ова е нејзиниот најголем страв

Нада Топчагиќ искрено проговори за својот страв од авиони и призна дека пие алкохол во текот на летовите, пишува српски „Блиц“.

Српската пејачка Нада Топчагиќ не се појавува често во јавноста, но сега проговорила за некои детали од својот живот.

На самиот почеток, Нада се осврнала на еден од своите најголеми стравови додека раскажувала анегдота од едно службено патување, па во таа прилика го споменала алкохолот.

„Имам ужасен страв од авиони и користам алкохол кога летам, јас не го кријам тоа. Јас морам целостно да се опијам за да не знам каде сум, така што да мора да ме изнесуваат“, искрено раскажала Нада за „Премиера“.

Таа го споменала својот голем пријател и колега, покојниот Халид Бешлиќ.

„Долго време се немавме видено, многу ми е жал, и ужасно… Многу тешко го преживеав тоа за Халид. Тој е икона за мене… Каква душа беше тој“, рекла пејачката.

Кога ја прашале дали е пријателка со некој од серијата, таа одговорила:

„Од серијата само кога снимаме нешто. Не можам да не разговарам со некого, ми е мило кога се гледаме, но не“.

Како што секогаш привлекува внимание со своите стајлинзи, така било и овој пат.

„Сакам да се облекувам вака, нека биде понекогаш и чудно, само нека да биде забележливо“.

Медиумите многу зборуваат за имотот на Нада во Црна Гора, а сега таа ја раскажала вистината за продажбата на куќата во Тиват.

„Тоа е толку мала куќа, веднаш на брегот на морето, кога ќе кажат луксузна вила… Тоа се мали квадрати. Во Тиват е, не би ја продала и да немам што да јадам. Јас не продавам ништо, сè им оставам на своите деца. За утре да не биде Нада која немаше ништо. Бев некој и нешто, морам да оставам нешто зад себе“, рекла Нада.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....