17:25 - 6 април, 2026

Владо Калембар не се откажува: „Имам само 71 година, ќе се женам пак“

Хрватскиот пејач Владо Калембар откри дека живее сам по разводот на бракот со виолончелистка Ана Руцнер.

Во новото интервју за „Стори“, тој одговори на прашаето дали планира да даде шанса на нова љубов во неговиот живот.

„Секако. Имам желба да се оженам уште неколку пати. Па, имам само 71 година“, одговори легендата на југословенската музичка сцена.

Минатата година, Калембар проговори за разводот на бракот со 30 години помладата музичарка. И покрај пропаѓањето на бракот, тие сѐ уште се во добри односи, нешто што било вистинско изненадување дури и за судијката која го водела нивниот случај.

„Седевме во судницата, но не на спротивните страни, како што е вообичаена пракса. Седевме заедно, а Ана дури и ме фати за рака. Судијката дури нѐ праша дали ова е некој вид шоубиз трик“, рече Калембар во интервју за „Хепи“.

„Јас ѝ кажав дека не е. Како што се договоривме да се венчаме, така се договоривме и да се разделиме“, додаде тој.

Да потсетиме, тие се разделија во 2014 години, по осум години брак. Заедно го имаат синот Даријан.

Слични објави

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin
Се вчитува....