7.8 C
Скопје
21:12 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) РИО од „La Casa de Papel“ се разбудил СРЕДЕ ПОЖАР, избегал низ прозорецот: Низ солзи раскажува за трагедијата

Ѕвездата на серијата „La Casa de Papel“, Мигел Херан остана без покрив над главата. Тој на Инстаграм објави видео од пламенот кој го зафатил неговиот стан, а за да се спаси морал да скокне од прозорецот од спалната соба.

Шпанскиот актер, најпознат како Рио од хитот на Нетфликс, плачел додека гледаше како огнот уништува се што има.

„Не ми се верува“, тажно рекол глумецот снимајќи ја настанатата штета.

25-годишникот подоцна открил дека во текот на ноќта избувнал пожар во неговиот дом во Авила, Шпанија и дека го разбудиле чудни звуци.

Додека пожарникарите го гаснеле пожарот, Мигел открил дека изгубил поголем дел од своите работи бидејќи од топлината се урнал таванот во дневната соба и во кујната уништувајќи се.

„Ви благодарам на сите, особено на пожарникарите од Авила и на безбедносните служби во мојата зграда“, рече тој.

„Ме фати на спиење, ме разбудија звуците на горење на мојот дом. Избегав низ прозорецот од спалната соба“, ја цитираат неговата изјава локалните медиуми.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во домот на Мигел.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....