9.8 C
Скопје
04:47 - 29 октомври, 2026

(Видео) По 43 години, истата сцена: Лепа Брена повторно падна на настап изведувајќи го својот препознатлив потег со ногата

Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена доживеа незгода за време на концертот во Будва, кога при изведбата на својот препознатлив потег со замавнување на ногата изгуби рамнотежа и падна на сцената.

Настапот се одржа во клубот „Топ Хил“, а снимката од падот брзо се прошири на социјалните мрежи, откако ја објави еден од обожавателите кој се наоѓал во првите редови.

Непосредно пред да ја испее песната „Коловоџа“, Брена ја изведе кореографијата што со децении е нејзин заштитен знак. Кога замавна со ногата високо во воздух, се сопна и падна на бината.

Обожавателот кој го сними моментот се пошегува во описот на видеото:

„Не си бил на концерт на Брена ако Брена не паднала пред тебе.“

Ова не е првпат истиот потег да заврши со пад. Уште во 1983 година, на концерт во Мостар, за време на изведбата на песната „Дама из Лондона“, Лепа Брена при истото движење се удрила самата со ногата во главата и паднала на сцената.

Од тогаш поминаа 43 години, а токму високото замавнување со ногата стана еден од нејзините најпрепознатливи сценски потези и заштитен знак на нејзините настапи.

Во текот на својата долгогодишна кариера, пејачката имаше уште неколку незгоди на сцена.

По падот што го доживеа за време на концерт во Загреб во декември 2024 година, таа мораше да биде оперирана поради скршен зглоб на ногата.

Слични објави

„Брзо ја преболе смртта на Саша!“: Сузана Јовановиќ ја поврзуваат со пејач, ѝ местат афера

Еспресо

„Пинкови ѕвезди“ се целосно промашување“: Александра Радовиќ остро го критикуваше шоуто, но и оние што се нарекуваат ментори

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ заводливo позира во базен и одбројува до летото: „Остануваат само 237 дена…“

Еспресо

(ВИДЕО) Едина Муса изненади со промена на изгледот — се збогува со долгата коса и покажа нова фризура

К.С.

Игор Џамбазов ќе биде домаќин на голема македонска кафеанска вечер во Скопје: Познати пејачи ќе ги пеат најголемите хитови

msp-admin

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Еспресо
Се вчитува....