34.7 C
Скопје
13:04 - 6 август, 2026

(Видео) Маријана, Росана, Дац и Александар ги здружија гласовите: „Засекогаш млади“ е едноставна реченица со исклучително длабока мисла

Четворица пријатели Маријана, Росана, Дац и Александар, кои ги поврзуваат музиката, искрената дружба, многу смеа и незаборавните настапи низ Македонија ги споија своите гласови во нова музичка приказна – „Засекогаш млади“.

– Беше доживување да се направи песна, да се соработува и да се пее со сестрите близначки, легенди на едно наше време. Време кога уште како дете сум ги гледал маѓепсан на ТВ екранот. Јас како најмлад во овој проект учев од величини како Дац, Маријана, Росана за да направиме музичка и видео магија која ќе се всели во секое срце. Не постои човек имун на ваква убавина – вели Александар.

Музиката и аранжманот на „Засекогаш млади“ се на Александар Митевски, а текстот го напиша во соработка со познатиот текстописец Огнен Неделковски. За финалниот мастер беше задолжен Дарко Димитров.
со веселиот ритам, топлите вокали и носталгичната мелодија песната нè враќа во едно поедноставно време – во годините на безгрижната младост, искрените дружења и среќата што се наоѓаше и во малите нешта.

– „Засекогаш млади“ е едноставна реченица со исклучително длабока мисла. Луѓето од памтивек трагаат по бесмртноста и вечната младост. Кога тој стремеж би се преточил во музика, текст и видео, би изгледал токму вака, како нашиот најнов проект и соработка со Маријана и Росана. Песната и спотот се создадени во тој дух, носејќи со себе и прекрасен ретро карактер кој буди носталгија – вели Дац.

Маријана и Росана по повеќе од три и пол децении повторно ги споија гласовите во нова песна.

– Срцето ми е полно. Повторно сум во Македонија, покрај мојата Росана и пред публиката што никогаш не нè заборави. Новата песна и дружбата со Дац и Александар ми донесоа моменти што ќе ги чувам засекогаш. Ова не е само враќање на сцената – ова е враќање дома – вели Маријана.

Видеоспотот за песната што Росана го опишува како „сон, вистински филм“.

– Како да не бидам среќна кога мојата Маријана повторно е покрај мене? Имаме песна во која веруваме, прекрасна соработка со Дац и Александар и спот што изгледа како сон претворен во филм. Благодарам, сестричке, што помина 26.000 километри за повторно да пееме и да создаваме спомени. Тоа е љубов што не се мери со километри – открива Росана.

Песната е веќе хит на радиостаниците низ Македонија, а Александар, Дац, Маријана и Росана веќе ја промовираат на своите заеднички настапи.

Слични објави

(Видео) По 43 години, истата сцена: Лепа Брена повторно падна на настап изведувајќи го својот препознатлив потег со ногата

Еспресо

(Видео) Елена од „Живот со стил“ ужива во романтични мигови со сопругот на Азурниот Брег

Еспресо

Емина Јаховиќ измамена во Истанбул: Останала без брендирана гардероба вредна повеќе од 50.000 евра

apostolova

(Фото) Филип Кузмановски и сопругата Моника во нежна семејна фотосесија — наскоро ќе добијат ќеркичка

Еспресо

Наташа Беквалац: Ако ми го украдат телефонот, тоа би било крах на мојата кариера

Е.А.

Хороскоп за 6 август: Овните ќе ја истакнат креативноста, Вагите ќе ја покажат романтичната страна

Еспресо
Се вчитува....