16:36 - 26 август, 2026

(Видео) Марко Пејчиновски ја избричи главата во чест на покојната мајка и како поддршка за сите што се борат со рак

Марко Пејчиновски објави емотивно видео со силна порака за поддршка до лицата кои се соочуваат со рак. Младиот охриѓанец одлучи да ја избричи главата во спомен на својата мајка Виолета, која ја загуби битката со болеста, но и во знак на солидарност со сите што денес ја водат истата борба.

Со овој чин, Пејчиновски сака да потсети дека луѓето кои минуваат низ тешки третмани не се сами и дека физичкиот изглед никогаш не ја определува вистинската убавина.

„Пред пет години сакав да ја избричам главата… Но, мајка ми не ми дозволи. Кога се бореше со рак, од хемотерапијата ѝ падна косата и сакав да ја избричам и мојата, само за да знае дека не е сама. Но, таа не ми дозволи. Тоа ми остана едно од најголемите каења во животот. Губењето на косата многу ја погоди и почна поинаку да се гледа себеси, а јас никогаш не престанав да ја гледам како најубавата жена на светот“ – вели Марко.

„Ја бричам главата за секој што ја води истата битка. За секој што се погледнал во огледало и помислил дека изгубил дел од себе. Ако се бориш со рак, сакам да знаеш дека косата никогаш не била мерило на убавината“ – дополнува тој.

Дваесетгодишниот Пејчиновски, кој е автор на книгата „Во чекор со судбината“, најави дека во текот на овој месец целиот приход од продажбата на книгата, како и од маиците, ќе биде наменет за помош на лицата кои се лекуваат од рак.

„Пред 5 години, пливањето од 45 километри го посветив на мајка ми и на сите што се борат со рак. Денес, на истиот датум, сакам таа поддршка да продолжи. Затоа целиот профит од мојата книга и од маиците што ќе бидат продадени месецов ќе биде донирани за луѓето кои се борат со рак“ – порача тој.

Марко Пејчиновски стана препознатлив во јавноста во 2018 година, кога на само 12-годишна возраст стана најмладиот пливач што го препливал Охридското Езеро. Неговиот подвиг добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека живее со инфаркт на коска (некроза) на долните екстремитети.

Неговата мајка Виолета, која работеше како медицинска сестра во Општата болница во Охрид, беше неговата најголема поддршка во спортските предизвици. Таа почина во јануари 2022 година, на 46-годишна возраст.

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ „пука“ од самодоверба во фустан со длабоко деколте

Еспресо

(Фото) Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ужива во Дубаи во пресрет на својот 18-ти роденден

Еспресо

Марија Микиќ отворено за новиот партнер и можноста повторно да заплови во брачните води

Е.А.

(Фото) Ништо поубаво од родното место – Гога Секулиќ го однесе својот син во нејзиното село

Еспресо

(Фото) Татјана Стојановска блесна со нов изглед, сопругот Михаил со воодушевување ѝ коментираше

Еспресо

Ретка снимка од Тоше Проески и 13-годишниот Боби Андонов на концерт во Мелбурн

Еспресо
Се вчитува....