10.8 C
Скопје
18:50 - 15 март, 2026

(Видео) Огромни фотељи, пијано, шанк…: Саша Поповиќ заработил милиони евра, а вака изгледа неговата велелепна вила

Саша Поповиќ, познат српски музичар и основач на „Гранд продукција“, каде што моментално е креативен директор, со години живее со семејството во луксузна вила во Белград. Неговата сопруга Сузана Јовановиќ, инаку позната пејачка, и Саша се горди родители на ќерката Александра, а Саша за свое дете го смета синот на Сузана, Даниел, кого го добила во првиот брак.

Саша и Сузана со децении уживаат во својата вила на Бежанијска коса, која долго време е омилена локација на познатите, а бидејќи парот ја чува приватноста, јавноста обично има можност да ја види само надворешноста на нивната куќа.

Меѓутоа, во една прилика Саша и Сузана ја отвориле вратата од својот дом за камерите на „Гранд“, во пресрет на една од промоциите на Сузана, а тогаш имало можност да се види како ја опремиле својата семејна оаза.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grand tv (@grand_televizija)


Во куќата на Саша Поповиќ доминираат светли тонови, па во кремасто-бели нијанси се удобните и гломазни фотелји и софи во дневната соба, а бели се и ѕидовите и пијаното кое зазема посебно место во просторијата, како и пресвлаките на трпезариските столчиња од висококвалитетно темно дрво.

Дрвото е втората најзастапена боја во ентериерот, па од овој материјал се изработени висококвалитетната лакирана трпезариска маса, бројните детали и поединечни парчиња мебел. Особено внимание привлекуваат бројните семејни фотографии во рамки кои го красат домот на Саша и Сузана и сведочат за нивните важни моменти, а има и многу цвеќиња и детали.

Во истиот двор, до големата вила од тули, има уште една помала, помошна куќа, опкружена со прекрасно уредена градина.

Слични објави

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо
Се вчитува....