6.8 C
Скопје
04:32 - 31 март, 2026

(Видео) „Не е тешко да се сака…“: Жељко Митровиќ ѝ приреди невидено изненадување на сопругата за нејзиниот роденден

Директорката на забавната програма на телевизија Пинк, Милица Митровиќ, роденденот го прослави со своите најблиски на Азурниот брег.

Таа покажа колку уживала на својот инстаграм-профил, но и какво изненадување добила од сопругот Жељко Митровиќ и нивните ќерки Андреа и Кристина.

Својот прекрасен ден го прославила со семејството во ресторан на Азурниот брег, каде ѝ приредиле изненадување, а на полноќ пристигнала торта, прскалки и голем букет цвеќе.

Жељко објави видео на кое свири на клавир додека ѝ пее на Милица.

„Не е тешко да се сака, а уште полесно е да не се сака, но всушност единствената тешка работа е да се најде сакана личност која навистина те сака! Среќен роденден љубов“, напиша тој под видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Mitrovic (@zeljkomitrovic)


Вообичаено е Жељко да се труди за своите најблиски и да им прави незаборавни прослави, без разлика на поводот.

Да потсетиме, тој неодамна го организираше роденденот на својата помлада ќерка Андреа , која на почетокот на март го прослави својот 23 роденден, а се собраа како семејство во Рим да го прослават нејзиниот роденден .

Освен тортата на која пишуваше „Среќен роденден Андреа“, собата беше полна со црвени балони во форма на срце, букети со црвени и бели рози, бројни торби полни со подароци, но најважно за неа – нејзините драги луѓе.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....