19.8 C
Скопје
19:02 - 7 октомври, 2026

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Писателката и инфлуенсерка Ксенија Николова сподели емотивна приказна за едно парче облека кое за неа има многу поголема вредност од модната.

Пребарувајќи низ плакарот на својот татко, таа пронашла стар тегет костум кој веднаш ѝ се допаднал. Наместо да остане заборавен во плакарот, Ксенија решила да му даде нов живот и да го приспособи на својот стил.

Од стар костум до модна комбинација

Најпрво го пронашла сакото, кое почнала да го комбинира со фармерки, шорцеви и други парчиња од својата гардероба. Подоцна открила дека од костумот се зачувани и панталоните.

Бидејќи ѝ биле преголеми, ги однела кај кројач за да ги приспособи на својата фигура. Резултатот го покажа во видео на Инстаграм, каде што го претстави комплетниот изглед.

„Некои нешта имаат само вредност. Носејќи парчиња облека што им припаѓале на нашите драги личности“, напиша таа покрај објавата.

„Ова одело му припаѓаше на татко ми, а денес е мое“

Ксенија раскажа и како сосема случајно го пронашла костумот и зошто решила повторно да го носи.

„Ова одело му припаѓаше на татко ми, а денес е мое.

Луѓе мои, отворам плакар кај татко ми и го наоѓам ова сако и се вљубувам на прв поглед во материјалот, во изработката, во бојата, а потоа и сфаќам дека супер ми стои и дека можам да го носам на многу начини.

Го комбинирав со фармерки, со шорцеви, потоа сфаќам дека има и панталони, меѓутоа панталоните ми беа многу големи.

И си викам: ‘Ех, каква штета, а колку ќе беше супер да имам цел комплет, цело одело. И ајде ќе пробам да ги однесам на кројач и да видиме дали можеме нешто да направиме. Зошто да не ги адаптирам овие прекрасни панталони, да си направам еден целосен комплет?’.

Кројачот одлично си ја заврши работата и еве го финалниот изглед.

Многу сакам да го комбинирам со црно, некако ми е ептен класика минимализм.

Кога ќе ставам црни наочари, мислам дека го комплетирам изгледот.

А знаете што е најубавиот дел во сето ова? Кога го носам ова одело и ја чувствувам енергијата на татко ми“.

Слични објави

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

Јелена Розга откри што сменил Иван Хуљиќ поради неа: „Многу сум горда на него“

Еспресо

Ѝ украле куп пари, а син ѝ ја спасил од дното — пејачката Деси Слава банкротирала откако била измамена

E.A.

(Видео) „Доаѓаш во Пекинг како турист, а потоа се сретнуваш со Ноле“: Кнез ќе заплачеше од среќа кога се поздрави со српскиот тенисер

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....