12:12 - 16 ноември, 2026

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Младиот пејач Јаков Јозиновиќ продолжува да реди успеси низ регионот, а неговиот најнов концерт во Сава центар уште еднаш ја потврди неговата огромна популарност.

Салата беше исполнета до последно место, а вечерта кулминираше кога на сцената му се придружи регионалната ѕвезда Јелена Розга, предизвикувајќи воодушевување кај публиката.

Двајцата заедно го изведоа хитот „Минут срца мог“, по што атмосферата во салата достигна врв. Во еден момент, тие се симнаа меѓу публиката и продолжија да пеат, што дополнително ја вжешти атмосферата.

@vuciceviceva @Jakov Jozinovic ❤️🌹 #jakovjozinovic #jelenarozga #foryou #savacentar7 ♬ original sound – Vučićevićeva


Јозиновиќ не го криеше своето воодушевување, откривајќи дека до последен момент не бил сигурен дали Розга ќе ја прифати поканата.

„Не верував дека ќе дојде кога ја поканив. На моја голема радост, прифати“, им порача тој на присутните.

Освен со настапот, Розга привлече внимание и со својот изглед – за концертот избрала тесна креација од Jean Paul Gaultier, вредна околу 1.400 евра.

Ова е седми последователен распродаден концерт на Јозиновиќ во Белград, со што тој дефинитивно се наметнува како едно од најголемите нови имиња на регионалната сцена.

@mynicknameistoni #jakov #jakovjozinovic #fyp #foryou #jelenarozga ♬ original sound – Toni

Слични објави

Марија Шерифовиќ го прослави 42. роденденот и ја напушти Србија: Со Јована Пајиќ донела одлука, ги промениле сите планови

К. А.

Ручек што можете да го подготвите однапред — рецепт за кремасти макарони со чедар и пармезан

К.С.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо
Се вчитува....