02:24 - 12 април, 2026

(Видео) „Горд сум што сум Македонец“: Боби Андонов ја испеа антологиската „Јовано, Јованке“

Пејачот Боби Андонов (29), кој е роден во Австралија и има македонско потекло, направи моќна преработка на традиционалната македонска песна „Јовано, Јованке“ и уште еднаш го покажа својот неверојатен талент за музика.

„Добивав барања за ова веќе многу години. Јас сум горд на моето македонско потекло, затоа ова е за вас!“, напиша тој во описот на својата изведба.

Да потсетиме, Боби Андонов е роден во Мелбурн, Австралија, а неговите родители се по потекло од Струмица.

Тој ѝ стана познат на македонската јавност кога ја претставуваше нашата држава на Детската Евровизија во 2009 година со песната „Прати ми СМС“. Тој го освои високото 5. место и тоа е еден од најголемите успеси на Македонија на овој музички натпревар.

Сега живее и работи во Лос Анџелес, САД.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....