18:39 - 26 февруари, 2026

Вдовицата на Оливер Драгоевиќ отворено за неговото неверство: „Од стрес и нервози завршував во болница“

Популарниот пејач почина во 2018 година, на денешен ден, 29 јули.

Оливер Драгојевиќ градеше музичка кариера со децении и уживаше огромна популарност низ поранешна Југославија, а неговата вдовица Весна своевремено зборуваше за нивниот заеднички живот и за деновите кога Оливер ѝ се додворувал.

„Имаше една Јелена, јас ја познавам. Секој ден ги менуваше жените. Тој со неа под мишка, а се забавува со мене. И тоа траеше сигурно десетина дена. И еден ден седи во една градска кафана со насмевка и ми вели: „Сињорина, вие сте ми нешто познати!“ А јас му велам: ‘Ме знаеш, зашто зад грб си ми веќе десет дена“, рече Весна за Радио Далмација, пренесува Слободна Далмација.

„Тој беше изгубен случај. Во два часот наутро ми звонеше после концерт во Требиње, дека со такси ќе дојде по мене, ѕвони домашниот телефон во ходникот, ја разбудив цела куќа, а јас работам наутро во шест во болница“, продолжи Весна за време на интервјуто, па откри дека таа го издржувала:

„Тој беше спонзоруша, јас го издржував, моите подигнаа кредити да го направиме станот…Кога се венчавме, единаесет души живеевме осум години во ист стан! Наутро сите ќе се разбегаат, остануваме само јас и свекрвата. А свекрвата имаше години колку што јас имам сега. Но таа, според моето доживување, ми беше толку стара, што очекував дека секој ден може да умре. Таа ми зборуваше: Ајде ова, ајде она, јас ќе умрам“.

Дека во нивната врска не било се идилично сведочи и фактот што Драгојевиќ ја изневерувал сопругата со поранешната манекенка Бранка Мариќ Мути во 1970-тите и 1980-тите години, па дури и сакал да се разведе поради неа.

„Во текот на сите тие години честопати завршував во итната медицинска помош поради стрес и нервоза. Долго време се обидував да сфатам зошто Оливер се сврте кон друга жена, но на крајот сфатив дека се работи за неговата незрелост и несигурност“, изјави во една прилика Весна.

На ова прашање своевремено се осврна и самиот Оливер.

„Никогаш не сум сакал да зборувам за својот живот надвор од сцената, но по сплет на чудни и неморални околности, се најдов во центар на скандал кој други го инсценираа. Мојата интима е пред се моја работа и се што треба ќе решам во своите четири ѕида и со оние кои се грижат, а душебрижниците ќе останат гладни за сензација“, рече тогаш Оливер, пренесува српски Блиц.

(Фото) Бен Афлек си купи нов дом и брзо го најде без Џенифер Лопез: Официјално е сам дома!

Слични објави

Душко Тошиќ постојано ја посетува оваа пејачка! Таа ги откри деталите: „Воопшто не ме изненади што тие…“

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Органодарителството е чин на највисока солидарност

Еспресо

Објавен дел од исповедта на Цеца во филмот за Саша Поповиќ: „Тоа што го кажа нема цена“

Е.А.

Ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“: „Среќа што сум жив, имав три операции на гласните жици“

Еспресо

„Чекам повик за операција на срце“: Дечко ѝ на Ана Николиќ потврди дека ќе биде опериран

Еспресо

„Од разните полови болести, татко ми станал стерилен“: Нови шокантни изјави на ќерката на Аца Амадеус

Е.А.
Се вчитува....