12.8 C
Скопје
17:52 - 17 март, 2026

Вака изгледа синот на Ана Бекута кој го оставила во дом за сирачиња! (ФОТО)

Игор Полиќ, синот на српската пејачка Ана Бекута кого го родила во 1976 година како тинејџерка на само 17 години, никогаш не и се налутил на својата мајка што го оставила како бебе на неколку месеци во дом за сирачиња.

– Откако знам за себе, знам дека таа била принудена еден дел од својот живот да биде без своето дете. Тоа никогаш не се криеше од мене, ниту на мене остави било какви последици. Мајка ми сето тоа го надополни подоцна и многу повеќе од тоа. Ние двајца и денеска зборуваме за тоа. Верувајте дека секогаш на тој период гледав нормално. Таман работа да и забележам на мајка ми што морала да го стори тоа, бидејќи таков бил законот тогаш – рекол Игор за српски „Курир“, кој пак не е во контакт со својот татко.

Фото: Принтскрин

– Ги имам сите информации за татко ми, но не се слушаме, ниту се гледаме – открил Игор Полиќ.

Пејачката пак за „Стар“ тогаш изјавила:

– Секој викенд патував да го видам Игор, кој ми се смееше од креветчето, препознавајќи која сум. До следната сабота во живот ме држеше неговиот мирис на пудра во ноздрите и отисокот од неговите мали усни. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и разумот ми ја вратија таа птица кај мене.

Ана открила исто така за што се кае во животот…

– Се каам што не родив уште едно дете. Само поради тоа се каам и поради ништо друго – рекла за медиумите.

Слични објави

(Фото) Сестрата на Богдана Ражнатовиќ отиде во Москва: Мами воздишки во мини здолниште и мрежести чорапи

Еспресо

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо
Се вчитува....