7.8 C
Скопје
22:59 - 1 април, 2026

(Видео) Уривањето на куќата на Мерилин Монро привремено запрено

По одлука во Градскиот совет на Лос Анџелес, следи привремено одложување на уривањето на домот на американската уметница Мерилин Монро во Брентвуд – луксузен дел од Лос Анџелес.

Советничката Трејси Парк побрза да го спаси последното живеалиште на славната русокоса откако во средата дозна дека сопствениците – креативната интернет-страна „Глори оф д Сноу траст“ (Glory of the Snow Trust), побарале дозвола да ја урне култното здание во шпански колонијален стил, објави „Лос Анџелес тајмс“.

– Јас и мојот тим веднаш тргнавме во акција… Но, за жал, Секторот за градежништво и безбедност издаде дозвола за уривање пред мојот тим и јас да можеме целосно да интервенираме и да го решиме ова прашање, рече Парк непосредно пред седницата на Градското собрание во петокот.

Таа одржа говор најавувајќи предлог за разгледување на статусот на домот на американската пејачка и глумица како историски споменик на културата.

– Денеска сум тука со вас како чувар на областа во којашто се наоѓа последната резиденција на Мерилин Монро. Денеска сум тука и како бранител на богатата историја и наследство на нашиот град, рече Парк.

Предлогот претставен пред Советот бара итен почеток на разгледување домот да биде прогласен за историски и културен споменик. Натаму се наведува дека со тоа нема да му се одземат никакви права на сопственикот на куќата, но оти треба да се проценат историските и културните вредности на имотот.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....