7.8 C
Скопје
22:00 - 30 март, 2026

Тужба за „Парамаунт пикчрс“ од семејството на израелскиот писател чија статија била инспиорација за „Топ Ган“ од 1986

том круз

Семејството на израелскиот писател чија статија го инспирирала филмот на Том Круз од 1986 година „Топ Ган“ го тужи филмското студио „Парамаунт пикчрс“ за прекршување на авторските права поради неговото продолжение.

Тврдат дека студиото ги немало правата на приказната на Ехуд Јонаи од 1983 година „Топ Ганс“ кога минатиот месец го објавиле продолжението „Топ Ган: Маверик“.

Филмот заработи 548 милиони долари ширум светот во првите 10 дена од прикажувањето.

„Парамаунт“ соопшти дека тврдењето е „неосновано“ и вети дека ќе го оспори.

Во тужбата, поднесена од Шош и Џувал Џони, вдовицата и синот на Ехуд, пред федералниот суд во Лос Анџелес во понеделникот, се наведува дека „Парамаунт“ не успеал да ги врати правата на написот на Ехуд во списанието, откако бил отповикан според американскиот закон за авторски права.

Тие бараат неопределено обесштетување од филмското студио, вклучително и профит од „Топ Ган: Маверик“.

Според тужбата, франшизата „Топ Ган“ на „Парамаунт“ не би постоела без „книжевните напори и евокативната проза и нарација“ на Ехуд.

Во тужбата се наведува дека семејството Јоани го известило „Парамаунт“ во 2018 година дека правата на написот на Ехуд ќе и бидат одземени две години подоцна.

Се додава дека студиото ги загубило авторските права за делото во јануари 2020 година.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....