0.8 C
Скопје
06:38 - 14 март, 2026

Тони со нова објава испрати јасна порака за Драгана Мирковиќ: „Сакав, се смеев и плачев“

Пејачката Драгана Мирковиќ неодамна објави дека поднела барање за развод од бизнисменот Тони Бијелиќ.

Како што објавија српските медиуми, пејачката останала да живее со децата во замокот во Виена, додека Тони си купил имот во Хрватска, поточно во Опатија. Беше објавено и дека бизнисменот веќе извесно време бил во врска со многу помлада девојка, но тој негираше.

Бијелиќ пред неколку дена на својата инстаграм-стори сподели фотографија на која се гледа дека дошол во Виена и престојува во замокот каде што живее Драгана. Како што ексклузивно изјави за српска Нова.рс извор близок до парот, Тони дошол да ја моли Драгана да се откаже од разводот и ѝ ветил дека ќе се смени, но за помирување пејачката не сакала ни да слушне.

Ова е прво враќање на Тони во замокот каде што живееја заедно со Драгана, зашто во изминатите шест месеци тој не поминал ниту еден ден тука, а судејќи по неговите постови, сега останал таму неколку дена.

Тони сега повторно се огласи на Инстаграм и објави фотографии од оваа прекрасна вила, со што на сите им стави до знаење дека сè уште живее на оваа локација. Она што привлече посебно внимание е песната која свири во позадина.

инстаграм

Станува збор за хитот на елвис Присли My way.

„Се соочив со се тоа и стоев исправено и го направив тоа на свој начин…Сакав, се смеев и плачев“, е дел од песната која Тони ја објави.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....