10.8 C
Скопје
18:53 - 15 март, 2026

Том Круз се заканувал со откази на снимањето на „Невозможна мисија 7“

том круз

Американскиот актер и продуцент Том Круз на лондонскиот сет на неговиот нов, седми филм „Невозможна мисија“ викал и ѝ се заканувал на филмската екипа со откази поради пропустите во безбедносните антиковид протоколи за снимање на филмови, пишува британскиот весник „The Sun“.

Пренесувајќи дека имаат автентична аудио-снимка од викањето на Круз кон филмската екипа, а која се споделува на Твитер, „The Sun“ наведува дека ѕвездата на акциониот филм се бунела поради пропусти во физичкото дистанцирање и другите правила што овозможуваат снимање за време на панемијата на коронавирус.

Фото: Инстаграм

Претставник на Круз одби да го коментира тоа.

„The Sun“ исто така пишува дека, според таа аудио-снимка, Круз на филмската екипа на сетот во Лондон ѝ рекол дека е во постојан контакт со сите студија, осигурителни компании, продуценти и дека сите ги гледаат, порачувајќи им: Дали ја разбирате одговорноста што ја имате? Бидејќи јас ќе се позанимавам со вашата причина. И ако не можете да бидете разумни и не можете да се справите со вашата логика, отпуштени сте. Без извинување! Ако го направите тоа повторно, отпуштени сте!“.

„The Sun“ не наведе кога точно се случило ова, но филмската екипа пристигна во Лондон на почетокот на декември, поради продолжување на снимањето на седмиот дел до „Невозможна мисија“, кој беше еден од првите филмови оваа година чие снимање беше запрено поради коронавирусот, во февруари, во Венеција.

Снимањето е продолжено во септември повторно во Италија, па во Норвешка и Лондон, а Круз во јули лично апелираше до норвешкиот премиер делови од филмот да се снимат во Норвешка, според модифицираните карантински правила.

„Невозможна мисија“ е една од најголемите франшизи во Холивуд, а последниот филм од 2018 година инкасираше повеќе од 791 милион американски долари.

Слични објави

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо
Се вчитува....