03:21 - 9 април, 2026

Телохранителот на Џони Деп откри како глумецот го исекол прстот

Малколм Коноли, шеф на обезбедувањето на холивудскиот глумец Џони Деп е сослушан на судот во Лондон.

На судењето Коноли открил дека ја измислиле приказната за тоа како Деп го повредил прстот во 2015 година за време на престојот во Австралија и дека тоа го направиле за да ја заштитат Амбер Хард од лош публицитет откако била насилна кон нејзиниот сопруг.

Малколм работи за Деп и за неговото семејство веќе 16 години и пред судот изјавил дека морал да го извлече шефот од една застрашувачка кавга со сопругата, во која дошло до насилство.

Открил дека Деп имал повреден прст.

Ми го исече проклетиот прст. Скрши шише со вотка од мојата рака“, му рекол Деп на својот телохраниотел.

„Му ја видов раката, страшно беше“, додал Малколм.

Тој исто така открил и дека Амбер изгаснала цигара од неговото лице и тврди дека му ја видел лузната и дека лажеле за тоа како Деп го исекол прстот велејќи дека тоа се случило додека сечел кромид.

Коноли тврди дека тоа го направиле за да ја заштитат Амбер и дека всушност таа е онаа која врши насилство во семејството.

Малколм Коноли/Profimedia

 

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....