-0.2 C
Скопје
00:48 - 15 јануари, 2025

Тања Савиќ го пријавила сопругот за киднапирање на децата: Му се закануваат 30 години затвор!

Српската пејачка Тања Савиќ по четири месеци молчење го пријавила својот сопоруг Душан Јовановиќ за киднапирање на нивните синови Максим и Ѓорѓе. Според пишувањето на српските медиуми, Јовановиќ би можел да биде осуден на парична, како и на затворска казна.

Тања Савиќ / Фото: Инстаграм пост @tanjasavic

Пејачката од мај годинава се обидувала на мирен начин да го реши спорот со сопругот за тој да не сноси последици, но сега одлучила да се бори за децата по секоја цена, пишуваат српските медиуми.

„Душан ги однесе децата во Австралија без согласност на Тања. Таа беше убедена дека ќе го реши проблемот, меѓутоа откако ѝ забрани да се слуша со децата по телефон, пејачката е очајна. Го пријави во полиција, а нејзиниот адвокат испратил пријава во австралиската полиција. Министерството за надворешни работи и Министерството за правда е запознаено со нејзиниот случај и ќе направи сè за децата да ѝ се вратат“, изјавил близок пријател на Тања Савиќ за медиумите.

Тања Савиќ со нејзините две деца Ѓорѓе и Максим / Фото: Инстаграм пост @tanjasavic

Тој нагласил дека во Австралија жените се многу заштитени и дека Тања би ги добила своите деца во рок од неколку дена. Проблемот, како што наведува изворот е што децата се австралијански државјани, а Тања сака со нив да живее во Србија.

Последната фотографија што Тања ја објавила со сопругот Душан е од февруари годинава, но интересно е што под објавата може да се забележи како многумина искоментирале „ти не си за овој човек, заслужуваш повеќе“, „очите ти се среќни на првата, но не и на втората фотографија“ и слични коментари.

Последната фотографија што Тања ја објави со нејзиниот сопруг на социјалните медиуми, е од годинава на 24 февруари, кога ја сподели оваа фотографија за т.н. 10 years challenge

„Тања нема ни желба ни пари да живее во Австралија. Затоа ќе поднесе барање за старателство над децата и да ѝ биде овозможено да ги донесе во Србија. Таа има доказ дека децата се киднапирани бидејќи имале место на престојување во Белград, оделе на училиште, биле внесени во здравствениот систем. На Душан му се заканува казна затвор од 6 до 30 години затвор, а ќе мора да плати казна од 25 000 долари“, вели изворот.

Тања потврди дека започнала борба за старателство на децата.

„Молчев четири месеци и не сакав во јавност да изнесувам приватни детали, но сега морав да барам помош. Ми велат луѓето што не одиш по своите деца. Не можам едноставно да одам во Австралија и да ги донесам во Србија. Јас дури и не сум државјанин на Австралија. Тогаш тоа би значело дека јас сум ги киднапирала децата од Душан. Барав помош и од нашата држава, но и од австралиските власти и сега ја чекам нивната помош“, напиша Савиќ на нејзниот инстаграм-профил.

Слични објави

(Фото) Прослава кај Марко и Луна! Денеска е посебен ден за нив, се огласи и ја соопшти убавата вест!

Еспресо

(Фото) Ќерката на Кеба се врати во Србија по 16 години: Пејачката направи драстична промена пред Беовизија!

Еспресо

(Видео) Карлеуша на рака носи 65.000 евра! Пејачката со бесниот автомобил од 200.000 евра се прошета во злато и дијаманти

Еспресо

(Фото) Само ова останало во изгорената зграда: Нина Сеничар сподели трогателна фотографија од Лос Анџелес по пожарот

Еспресо

Бремената Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ги спакуваа куферите! Идните родители одат за Мајами

Еспресо

(Видео) Голема трагедија: Актерката Дејли Кари загина во пожарите во Лос Анџелес

Еспресо
Се вчитува....