9.8 C
Скопје
21:32 - 14 март, 2026

Синот на Драгана Мирковиќ ги покажа мускулите: „Може да ме видите само во црква и во вежбална“

Наследникот на Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ, Марко, се најде во центарот на вниманието откако се прошири веста дека неговите родители се разведуваат. Драгана нагласи дека по разводот, децата ѝ се голема поддршка, а Марко тогаш стана поактивен на Инстаграм, каде повремено комуницираше со публиката.

Ја изненади јавноста кога објави дека размислува да се пресели во Србија, а потоа откри и каде може најчесто да го сретнат.

– Брате, знам дека имаш попаметна работа, ама излегуваш ли вака по Виена? – го прашал еден следбеник.

– Не излегувам никаде, ќе ме видите само во вежбална и во црква – одговорил Марко.

Неговата снимка од теретана, која неодамна ја објави на Инстаграм, пред да го избрише профилот, може да се види на почетокот на текстот.

Да потсетиме, Драгана ѝ се обрати на јавноста и соопшти дека поднела барање за развод по повеќе од две децении брак:

„Како личност што целиот живот го градела врз искреност, чувствувам морална обврска денес да ѝ се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве известам дека поднесов барање за развод. Веќе долго време мојот однос со Тони не е тоа што беше, а последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на семејството и затоа што така сум воспитана, направив сè што можев за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Но, со текот на времето тој јаз стануваше се поголем и сфатив дека правиме поголема штета останувајќи на сила во нешто што одамна не функционира, отколку ако ставиме крај на бракот. Јас останувам доследна на моите принципи, на начинот на живот, верна на семејството и публиката, а кон Тони ќе имам почит како кон татко на моите деца и човек со кој поминав многу убави години“, беше јасна Драгана.

Инаку, еден од последните сториња на Марко предизвика голем интерес. Во него стоеше:

– Го изгубив животот, ја изгубив љубовта, го изгубив семејството. Знаеш, таков е животот, не победуваш секогаш. Тоа се победи и порази, затоа вие борете се со ударите…

Со ова кратко додал:

– Фала му на Бога за сè!

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....