06:03 - 6 април, 2026

Што е вистината за видеото со „претепаната Ана Николиќ“? Ѝ го наместил пријател во кој имала доверба?

Во неделата се појави вест која брзо одекна во јавноста – познатата пејачка Ана Николиќ наводно била тешко претепана. Истовремено, на интернет се појави видео-снимка на која се гледа нејзиното лице со модринки, подуени усни, подливи и гребаници.

Насловот на видеото беше: „Претепана Ана Николиќ“, без никакви детали за тоа кој ја нападнал или зошто. Многу портали веднаш го презедоа видеото и објавија вест тврдејќи дека Ана навистина добила ќотек.

Но, според информации на српскиот медиум „Курир“, сè е резултат на предавство од нејзин доскорешен близок пријател, во кого имала огромна доверба. Таа му ја испратила снимката пред две години за да му покаже како ѝ изгледа лицето по третман за регенерација на кожа. Пријателот, наводно, го чувал видеото до моментот кога ќе му се укаже „вистинската шанса“ да го објави.

Изворот за „Курир“ вели дека нивното пријателство неодамна завршило по кавга, по што Ана го избркала од својот дом. Причината за расправијата не е позната.

По веста дека е претепана, Ана реши да се огласи и објави видео на кое заедно со Рале се релаксираат покрај базен. Таа јасно покажа дека не е претепана и демантираше сè со сарказам.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....