6.8 C
Скопје
08:51 - 1 април, 2026

Шако Полумента бесен поради коментар на пејачка: „Никогаш не сум чул за оваа баба!“

Меѓу Шако Полумента и неговите колеги Емир Брунчевиќ и Јасна Шќепановиќ се разви вистински јавен конфликт што деновиве ја тресе регионалната сцена.

Сè започна кога пејачот Емир Брунчевиќ во гостувањето кај Огнен Амиџиќ во емисијата „Амиџи шоу“ изјави дека Полумента не се појавил на снимањето на спотот за нивниот заеднички дует, иако претходно било сè договорено. Како што тврди, Шако му се извинил дека е болен, но подоцна дознал дека тој сепак уживал на плажа.

По неговата изјава, поддршка му пружи пејачката Јасна Шќепановиќ, која во шеговит тон напиша коментар: „Не така, Емире, пак ќе каже Шако Полумента дека сакаме да се прославиме преку неговото име“.

Но, Полумента не остана должен. На социјалните мрежи упати навреди кон Јасна, нарекувајќи ја „баба“ и тврдејќи дека „никогаш не слушнал за неа“.

Во своето обраќање тој целосно ги демантираше тврдењата на Брунчевиќ, додавајќи дека му помогнал на почетокот на кариерата и дека го одбил дуетот затоа што „песната не ја чувствувал емотивно“.

„Јас сум гигант за него и имам право да не прифатам нешто што не одговара на мојата визија“, изјави Полумента, додавајќи дека Брунчевиќ се однесол „непрофесионално“ и дека „само од песната ‘Син порока’ заработил пари колку за еден стан“.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....