12.8 C
Скопје
12:43 - 27 октомври, 2026

Семејството на Тоше Проески се дистанцира од концертот во Сплит: „Немаме дадено дозвола“

Семејството на Тоше Проески јавно се огласи по најавите за концертот „Тоше засекогаш – музика која живее“ (Toše Forever – Glazba Koja Živi), кој е закажан за октомври во Сплит, предупредувајќи ги обожавателите да не бидат доведени во заблуда.

Во соопштението, кое на социјалните мрежи го објави сестрата на Тоше, Дора Проеска, а го сподели и нејзиниот син Кристијан Ристески, се наведува дека семејството не стои зад овој настан и дека организаторите немаат нивна согласност.

„Јавно и недвосмислено сакаме да ве известиме дека оваа информација не е точна. Нема да настапат Кристијан, ниту придружниот бенд на Тоше. Организаторите немаат службена дозвола од нас за негово одржување, а ние сме единствените носители на правата“, се вели во објавата.

Семејството истакнува дека ги поддржува сите искрени настани посветени на ликот и делото на Тоше Проески, но дека нема да дозволи, како што наведува, „отворена манипулација со неговото име и неговата публика“.

Во обраќањето до фановите тие апелираат да не наседнуваат на, како што велат, „невистини и комерцијални манипулации“, додавајќи дека токму обожавателите секогаш биле најважниот дел од животот и кариерата на Тоше.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova
Се вчитува....