11.8 C
Скопје
13:51 - 27 октомври, 2026

(Фото) Сестра му на Стефан Лазаров во бикини ги воодушеви следбениците — по свршувачката ужива во летните денови

Актерката и инфлуенсерка Марија Лазарова, сестра на јутјуберот Стефан Лазаров, повторно го привлече вниманието на своите следбеници со нова серија фотографии од летниот одмор.

Лазарова на Инстаграм објави фотографии на кои позира во дводелно бикини, а објавата ја проследи со описот „Бик во сонце, 10-та куќа dump“.

Фото: Инстаграм/Марија Лазарова

Нејзиниот препознатлив стил, црвената коса и впечатливите тетоважи повторно беа во фокусот, а под фотографиите за кратко време се појавија бројни позитивни реакции и комплименти од следбениците.

Летото за Марија е исполнето и со убави приватни моменти. Во април годинава таа се сврши со актерот и стенд-ап комичар Марко Трајковиќ од Куманово, а веста тогаш ја сподели преку социјалните мрежи со хумористична порака:

„Заедно да си остариме и да си се згрбавиме!“

Меѓу првите што им честита беше нејзиниот брат Стефан Лазаров, кој им посака: „Вечни да сте“.

Марија Лазарова е дипломирана актерка, а има завршено и турски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Публиката ја препозна и по нејзината улога во турската серија „Balkan Ninnisi“. Покрај актерството, таа работи и како професионален шминкер и е активна во сопствениот бизнис, додека на социјалните мрежи е препознатлива по својот специфичен имиџ

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....