10.8 C
Скопје
14:55 - 27 октомври, 2026

Се огласи докторката која ја породи Анастасија: Објави слика од малиот Илијан и упати емотивна порака

Анастасија Ражнатовиќ се породи пред два дена и на свет донесе машко дете, на кое таа и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, му го дадоа името Илијан.

Новопечените родители, како и нивните семејства, се пресреќни за приновата, а сега на социјалните мрежи се огласи и докторката која го водеше породувањето во Севилја. Таа на својот инстаграм-профил сподели фотографија од новородениот Илијан и упати јавна благодарност до семејството за укажаната доверба:

„Добредојде на светот, мали Илијане. Честитки до ова прекрасно семејство. Ви благодарам што верувавте во мене“, напиша докторката под фотографијата.

Нејзината објава веднаш ја сподели и самиот Немања Гудељ, кој накратко искоментира: „Ви благодариме вам“.

За потсетување, Анастасија се породи на 15 јули, само еден ден откако нејзината мајка, балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, мораше да ја напушти Шпанија поради деловни обврски. Екипите на српските медиуми ја уловија Цеца на аеродром, каде што таа не можеше да ја сокрие среќата:

„Тие нека слават, јас едвај чекам да се вратам и да се дружам со мојот нов внук“, изјави таа.

Слични објави

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.
Се вчитува....