19:38 - 11 април, 2026

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Пејачката Сека Алексиќ остро реагираше на инцидентот што се случи на концертот на Ана Бекута во Чачак, кога за време на настапот по повод православната Нова година, дел од присутните ја гаѓаа пејачката со снежни топки.

Сека, која истата вечер настапуваше во еден белградски локал, пред својот концерт изјави дека е шокирана од информацијата и дека никогаш досега не слушнала вакво нешто да му се случи на некој колега.

„Навистина? Зошто? Од која причина? На плоштад? Ана има таков репертоар што може да ја слушаат сите. Таа секогаш се однесува достоинствено и во целата своја кариера нема ниедна дамка од ваков тип. Навистина не гледам причина за вакво однесување“, изјави Алексиќ.

Таа додаде дека ѝ е исклучително жал за колешката и нагласи дека Ана Бекута е пред сè добар човек.

„Не сум слушнала некој друг да го доживее ова. Многу ми е жал, таа е навистина добар човек“, порача Сека.

За време на инцидентот, видно вознемирената Ана Бекута се обратила до публиката и побарала реакција од надлежните служби, по што концертот бил прекинат. Настанот предизвика бурни реакции во јавноста и бројни осуди од колеги и граѓани, кои застанаа во одбрана на пејачката чија кариера трае повеќе од четири децении.

Слични објави

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо
Се вчитува....