12:24 - 19 ноември, 2026

Сараевската старлета Зерина Хеќо заврши на психијатрија

Поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“, Зерина Хеќо, пред неколку дена беше хоспитализирана и однесена во Психијатриската клиника во придружба на полицијата, пишува Дневни аваз.

На 9 мај, Зерина дошла во итната помош видливо вознемирена, напната и изгубена. За време на прегледот, таа се пожалила на болки во стомакот и тврдела дека доживеала мозочен удар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zerina Amel (@zerinooooo)

Лекарите веднаш ја упатиле на понатамошно лекување, а транспортот го обезбедила полицијата. После тоа, Зерина ги шокирала следбениците со видео на социјалните мрежи, во кое тврди дека ја изгубила способноста за говор поради мозочнопт удар.

– Имав мозочен удар, во моментов не можам да зборувам, ниту пак можам да ја користам едната рака – напишала на лист и им го покажала на своите следбеници.

Зерина Хеќо, пред да стане позната во јавноста, се борела со тумор и имала три големи операции, а ја шокираше нацијата кога се ишиша ќелава пред камерите во реалното шоу „Задруга“.

Слични објави

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.

(Видео) Шлагот ја откри слатката тајна — Софија Манчева и Марио Јовановски го споделија полот на бебето

К.С.

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо
Се вчитува....