15:31 - 23 декември, 2025

Сандра Африка искрено за тешкото детство и родителите: „Ќе ми пречеше ако сега имав татко! Тој е пример каков родител не треба да се биде“

Пејачката Сандра Африка (37) искрено проговори пред камерите и откри детали од својот живот за кои ретко зборува.

– Би сакала да сум помлада, затоа што кога си дете не си должен да размислуваш за многу работи – тука се родителите. Сега мораш за сè да мислиш сам и тоа е нешто што можеби би го променила. Како и секој човек, и јас имам грешки, па ми е чудно кога некој вели дека ништо не би менувал – тогаш, искрено, не си реален. Од грешките се учи, но кога ќе згрешиш, не можеш да кажеш дека не би променил ништо – изјави Сандра во емисијата „Премијера Викенд-Специјал“, а потоа се осврна и на љубовта:

– Можеби токму во љубовта имав најмногу промашувања, бидејќи кога ќе се заљубам не сум целосно своја. Но, мислам дека така е кај повеќето. Сепак, денес многу повеќе ја вклучувам и логиката.

Познато е дека Сандра Африка пораснала со мајка си, без присуство и љубов од таткото, а сега откри дека, за жал, нема ниту едно сеќавање на него.

– Животот не ми беше лесен. Но, кога ќе погледнам наназад, мојот став денес е дека и не беше толку страшно. Имав мајка која даде сè за нас и би било неблагодарно да кажам поинаку. Таа беше тука колку што можеше и не ја обвинувам за ништо. Сега јас сум тука за неа – така го гледам тоа и на некој начин ми беше прифатливо – рече таа, па додаде:

– Пораснавме без татко и не велам дека е лесно, тоа е потешка животна приказна, но не сум единственото дете што пораснало така. Кога ќе се спомне татко, јас немам никаква слика во глава. Во многу ситуации го немаше. Едноставно, го немам во мислите. Ми недостасуваше во одредени моменти, но со време човек се навикнува на реалноста и учи сам да се снаоѓа. Искрено, можеби денес дури и би ми пречела неговата грижа и внимание. Да, би ми пречело ако сега имав татко! За мене тој е пример каков родител не треба да се биде.

Слични објави

(Фото) Барби-елка како од Дизниленд: Ена Чолиќ ја има најубавата елка на естрадата

Еспресо

(Видео) Не знам од кај ја извади силата: Принц раскажа непозната приказна за Каролина

msp-admin

(Видео) Анастасија Ражнатовиќ им ги затвори устите на „хејтерите“: „Кога сакам да си купам нешто, го отворам паричникот, а не нозете“

Еспресо

Се спакував да си одам четири пати: Исповед на Тијана Дапчевиќ за бракот

Еспресо

(Видео) Мокра до гола кожа, со чаша шампањ: Јована Јеремиќ направи хаос на Златибор!

apostolova

(Фото) И кога е закопчана до грло, Стојне е секси-пејачката пак изненади

msp-admin
Се вчитува....