15.8 C
Скопје
13:03 - 10 март, 2026

Руската инфлуенсерка се извини и призна дека направила „голема грешка“ откако се сликала гола на свето дрво во Бали

Алина Фазлеева, која има илјадници следбеници на Инстаграм, позираше гола на стебло на банјан (бенгалска смоква) старо 700 години на местото на храмот во округот Табанан. Фотографијата, направена од нејзиниот сопруг Андреј Фазлеев, ја објави на Инстаграм и стана вирална, но го налути локалното население.

„Тие беа вклучени во активности кои го загрозуваат јавниот ред и не ги почитуваат локалните обичаи“, изјави за новинарите Џамарули Манихурук од Службата за имиграција на Бали.

Twitter

Парот ќе биде „казнет и прогонет“ и ќе им биде забранет престој низ цела Индонезија најмалку шест месеци, а „исто така ќе мора да се подложи на обред на прочистување на светото место во согласност со локалните верувања“, рече тој.

Алина Фазлеева се извини на Инстаграм и призна дека направила „голема грешка“.

„Има многу свети места на Бали, но не се сите обележани“, ја објасни таа причината за нејзиниот престап.

Гувернерот на Бали, Вајан Костер, предупреди дека нема да толерира туристи кои не ја почитуваат локалната култура или хиндуизмот, доминантната религија на островот.

Речиси 200 луѓе се протерани од Бали, култен туристички остров, поради кршење на ограничувањата за време на пандемијата.
Во април, индонезиските власти протераа канадски актер и самопрогласен гуру на среќата, кој објави видео како танцува гол на планината Батур, вулкан на Бали кој се смета за свет.

Канаѓанецот на тој рид целосно гол го заиграл ритуалниот танц на новозеландските Маври.

Слични објави

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.
Се вчитува....