11:29 - 7 април, 2026

Ричард Гир: За мојот успех заслужна е најмоќната сила на Универзумот

Холивудскиот актер Ричард Гир на еден форум во Москва рекол дека неговата тајна на успехот не е егоизмот, ниту потребата за слава и пари, туку нешто многу поголемо и духовно возвишено.

„Ако вашата кариера е фокусирана на тоа да станете совршени, да станете икона – бидете сигурни дека нема да успеете. За да постигнете голем успех, не е важно да направите работи само за себе, туку и за Универзумот“.

„Љубезноста и добрината се главните двигатели на успехот. Во однос на добрината, парите и моќта се толку мали нешта. Добрината и љубовта се најмоќните сили на Универзумот“, вели Гир.

„Мислам дека сите ние треба прво да знаеме што навистина сме. Што е нашиот универзум и дека со целиот свет сме меѓусебно поврзани.“

Ричард Гир веќе со години е следбеник на будизмот, а негов ментор е Далај Лама, кого го запознал на патување во Непал.

Неговата фондацијата „Гир“ има цел да ја зачува тибетската култура и да помогне во градењето будистички храмови во јужна Индија.

принтскрин

Слични објави

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо
Се вчитува....