17.8 C
Скопје
13:00 - 13 март, 2026

Ретко која снаа и золва се сакаат вака: Богдана Ражнатовиќ цврсто ја прегрна Анастасија и објави слика од славата во Севиља

Анастасија Ражнатовиќ заедно со семејството Гудељ ја прослави крсната слава Ѓурѓовден во семејниот дом во Севиља. Цеца Ражнатовиќ допатува кај ќерката со синот Вељко и снаата Богдана, а на социјалните мрежи споделија фотографии и атмосфера од семејниот собир.

Анастасија покажа како изгледала вечерта кога ги дочекувала гостите, а сега објави фотографија со својата снаа Богдана Ражнатовиќ. Двете позираа насмеани, Богдана ја прегрна околу половината, а на фотографијата се гледа дека се среќни и расположени.

„Снаа“, кратко напиша Анастасија, додавајќи емотикон во форма на срце. Следбениците ги пофалија и двете за нивниот изглед, истакнувајќи дека се прекрасни.

Фото: Скриншот

Во домот на Гудељ во Севилја, славата се одбележа со стил. Оливера Гудељ и Светлана Цеца Ражнатовиќ за оваа прилика избраа елегантни фустани. Сопругата на Небојша Гудељ блесна во креација инспирирана од шпанскиот стил, додека Цеца избра поскромна, но впечатлива тоалета. Двете дами ја истакнаа својата витка линија.

Колку се почитуваат мајките на Анастасија и нејзиниот сопруг Немања, сведочи и фотографијата на која се гледаат како се прегрнати покрај базенот.

И машкиот дел од семејството беше среден за важниот ден. Оливера позираше и со синот Немања. Сè беше во чест на Свети Ѓорѓија, а семејството ги испочитува сите обичаи.

Слични објави

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо
Се вчитува....