1.8 C
Скопје
07:00 - 15 март, 2026

„Реља ми е болна тема“: Николија проговори за најголемиот проблем во нејзиниот брак

Пејачката Николија Јовановиќ и раперот Реља Поповиќ важат за еден од најскладните парови на регионалната музичка сцена.

Како што изјави наследничката на легендарната фолк пејачка Весна Змијанац, нејзиниот најголем проблем во врска со Реља е изборот на поклон за него, бидејќи тоа е комплициран процес.

Пејачката откри дека ѝ било лесно да одбере празнични подароци за ќерките Реа и Хана, но дека нејзиниот партнер ѝ прави голем проблем. Од друга страна, Николија рече дека не е комплицирана кога се во прашање подароците, но и дека Реља секогаш знае да ѝ го купи она што ѝ треба.

„Секогаш подготвуваме подароци, а ќерките му напишаа и писмо на Дедо Мраз. Кога станува збор за Реља, тоа ми е болна точка и тема. Многу е комплициран за подароци. Многу ми е тешко да му купам подарок“, изјавила таа.

Таа смета дека не бара подароци, а истакна дека раперот знае да одвои голема сума пари за да ја изненади.

„Верувам дека сум лесна, не сум размислувала за тоа, но ме прават среќна. Реља не купува ситно, кога купува купува за да не мора следните десет години. Не давам сигнали, тој знае да направи изненадување“, изјави Николија, која сака семејството да биде заедно за празниците, иако тоа не е секогаш изводливо, поради нејзината и работата на Реља.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....