02:19 - 6 април, 2026

Рале се огласи откако Ана Никоиќ откри дека раскинале: „Не, фала, пријатно“

Пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ – Рале, по бројни подеми и падови, конечно ставија крај на својата врска.

Иако многумина веруваа дека повторно ќе си дадат шанса и дека љубовта ќе надвладее, сепак се случи спротивното. Откако Ана јавно потврди дека повеќе не се заедно, медиумите побараа изјава и од Рале, но неговиот одговор беше краток и остар:

„Не, фала, пријатно“, изјави тој за Информер и веднаш го прекина разговорот.

Ана, пак, не сакала премногу да се навраќа на минатото, но низ својата изјава за „Блиц“ даде навестување за причините што довеле до крајот:

„Во животот доаѓа момент кога сфаќаш дека веќе немаш сила да бидеш туѓа потпора, трофеј или вечен виновник. Да, вистина е дека повеќе не сме заедно и нема да бидеме. Не е секогаш мудро да се даваат безброј шанси таму каде што љубовта згаснува, а почитта одамна исчезнала. Знам дека очекувате повеќе, но овојпат мојот одговор е: ‘Нико као ја, фала, довиђења’. Паметниот ќе разбере, на глупиот и онака нема да му стане јасно“, рече таа.

Според пишувањата на српските медиуми, нивниот однос бил крајно турбулентен. Последниот конфликт, наводно, завршил со бурна кавга и демолирање на станот, по што соседите дури сакале да повикаат полиција.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....