1.8 C
Скопје
13:48 - 20 декември, 2024

Принцот Вилијам се отвори: „Ова беше најлошата година во мојот живот“

Британскиот принц Вилијам е горд на својата сопруга Кетрин и на својот татко, кралот Чарлс Трети, бидејќи тие достоинствено и храбро се справуваат со своите здравствени битки, пренесува „Дејли мејл“.

Принцот призна дека изминатите неколку месеци биле „брутални“ за него и дека ова е најтешката година во неговиот живот.

„Искрено? Навистина беше ужасно. Веројатно, ова е најтешката година во мојот живот. Се обидуваме да поминеме низ сè и да одржиме сè на вистински пат. Тоа е навистина тешко. Но, многу сум горд на својата сопруга и на својот татко поради сè со што се носевме. Од лична, семејна гледна точка – беше брутално“, рече Вилијам, па додаде дека неговата сопруга е добро.

Како што ѝ е познато на светската јавност, принцезата Кетрин се соочува со неоткриен облик на рак, кој ѝ беше дијагностизиран во февруари годинава, и оттогаш беше подложена на превентивна хемотерапија. Што се однесува до кралот Чарлс, нему му беше дијагностициран рак по рутинска операција на простата.

Принцот призна дека не мора да му се допаѓа дополнителната одговорност што доаѓа со неговата улога како принц од Велс, но го цени времето и слободата што ги има за да изгради големи глобални иницијативи како што е наградата „Earthshot“.

„Многу е важно со мојата улога, а и со мојата платформа, да направам нешто добро. Да им помогнам на животите на луѓето и да направам нешто што има вистинско значење“, рече принцот.

„Зелените Оскари“, како што медиумите го нарекуваат доделувањето на споменатата награда, произлезе од фрустрацијата на принцот од глобалниот песимизам во однос на климатските промени и еколошката криза. Секоја година, во текот на една деценија, пет победници ќе добиваат еден милион фунти парична награда и менторство за да ги унапредат своите идеи. Оваа година учесниците подготвија најразлични проекти, од патики од биоразградлив материјал до нова технологија која ја доловува отпадната топлина и ја претвора во електрична енергија.

Доделувањето на наградата се одржа во Африка, континент со кој принцот има посебна врска бидејќи таму се повлече по смртта на мајка му, но и таму ја запроси сопругата Кетрин. Африканскиот хор на отворањето на церемонијата ја испеа „Circle of life“ од анимираниот филм „Кралот лав“, што, како што самиот призна, беше особено емотивно за принцот.

Слични објави

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Цеца го прослави Свети Никола: Пејачката угости ВИП фаци во вила на Дедиње!

Еспресо
Се вчитува....