20:10 - 2 април, 2026

„Престанав да пијам!“: Ѓани никогаш поискрено за лошите навики, по операцијата му се смени животот од корен

Пејачот Радиша Трајковиќ – Ѓани откри дека повредата на раката и операцијата му влијаеле на секојдневниот живот, па морал да промени многу од своите навики.

Ѓани се повредил додека скијал – ја скршил раката и по операцијата сѐ уште е во фаза на опоравување. Деновиве беше забележан на аеродромот во Белград, а првото нешто што се забележа беше дека долго време го немало во јавноста.

– Не сум летал четири месеци, уживам во животот, патувам со автомобил. Престанав да пијам. Во авион сите ме нудат со пијалак, а јас велам: „Не.“ Повторно одам на рехабилитација, многу тешко ми падна тој период – изјави Џани и додаде:

– Имам 12 штрафови во раката. Катастрофа. Не можам ни да ја подигнам. Никој не може да ти го уништи животот толку колку што можеш ти самиот. На моето семејство тогаш му беше навистина тешко. Веднаш почнав и диета – рече тој.

Како што пишуваа домашните медиуми, фолкерот и неговата сопруга Слаѓа сакаат јавно да го покажуваат своето богатство. Според пишувањата, пејачот неодамна купил три стана на кредит.

Во еден од становите Ѓани живее со сопругата Слаѓа – има 100 квадратни метри и вреди дури 460.000 евра. Другите два стана, вредни по 290.000 евра, ги купил за своите синови.

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....