6.8 C
Скопје
06:40 - 31 март, 2026

(Видео) Потресената Дара Бубамара го откажа концертот поради поплавите во Босна и Херцеговина: „Ова е страшно! Сочувство до семејствата…“

Пејачката Дара Бубамара синоќа, на 4 октомври, требаше да одржи концерт во Босна и Херцеговина, но поради катастрофалните поплави кои зафатија делови од оваа земја, таа одлучи да го откаже настапот од почит кон жртвите и нивните семејства.

Иако се појави пред публиката, Дара емотивно ја објасни својата одлука да го одложи концертот, нагласувајќи дека како човек сочувствува со трагедијата.

– Сакам да ве поздравам и да им се заблагодарам на организаторите што ме поканија да настапам вечерва и со мојот оркестар да одржам концерт. Меѓутоа, сите знаеме што се случи синоќа во Босна и Херцеговина, трагичен настан, што е нешто страшно за мене и мислам дека како човек кој има душа и хуманост, едноставно нема да можам да настапам вечерва. Мислам дека секој од вас би се согласил со мене. Сакам да изразам сочувство до семејствата на починатите и да кажам дека ми е многу жал што се случи ова, а концертот ќе го направиме друг пат. Ви благодарам на разбирањето, да сте живи и здрави – порачала Дара Бубамара од бината.

 

 

@darabubamara_fanpage Jedna je Dara! 👑 #DaraBubamara ♬ original sound – DARA BUBAMARA


Да потсетиме, дека поплавите предизвикаа огромни штети во градовите како Јабланица, Коњица, Кисељак, Фојница и Крешево, каде што беше потврдено дека загинале 16 лица, а по 13 сè уште се трага.

Да потсетиме, вчерашните поплави ги однесоа животите на 21 лице во Босна и Херцеговина.

Инаку, Здравко Чолиќ им помогна на настраданите во катастрофалните поплави кои ја погодија Босна и Херцеговина испраќајќи камион вода.

Дел од пакетот веќе пристигнал во собирниот центар, пишуваат медиумите во БиХ.

Вака Чолиќ уште еднаш ја докажа својата хуманост. Тој ги повика сите да се солидаризираат со настраданите од овие страшни поплави.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....