13:07 - 3 април, 2026

Поранешниот сопруг јавно ѝ се обрати на Марија Микиќ: „Јави ако сакаш уште едно“

Пејачката Марија Микиќ неодамна се разведе од сопругот Јован Пантиќ, со кого има две деца. Нивниот развод го изненади јавноста, бидејќи на социјалните мрежи постојано објавуваа заеднички фотографии и видеа, оставајќи впечаток на хармоничен и стабилен брак.

Иако одлучиле да се разделат, останале во добри односи. Но, јавниот коментар на Јован под последната објава на Марија предизвика вистински бум.

Микиќ моментално е на одмор со децата и од таму редовно објавува фотографии. На една од нив, каде што е ќерката Ѓурѓа, пејачката напиша: „Вели дека сака да биде како мама“.

Пантиќ не остана рамнодушен и под фотографијата ѝ напиша коментар: „Јави ако сакаш уште едно“.

Коментарот доби голем број лајкови, но од Марија – ниту збор. Не реагираше јавно, а фановите беа збунети од ваквата отворена порака.

Потсетуваме, при објавувањето на разводот, двојката порача дека „приоритетите им се разишле“, но дека остануваат посветени родители. Сепак, ваквите коментари отвораат прашања – дали зад сцената сè уште постојат емоции?

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....