03:43 - 3 април, 2026

Подгответе се за „Сквид гејм“ втора сезона: Што следно да очекуваме во мрачната корејска драма?

Хванг Донг-Хјук

„Сквид гејм“ стана најгледаната серија на „Нетфликс“ кога беше објавена во септември 2021 година.

Серијата ја раскажува приказната за натпреварувачи кои се во долгови и играат игри од детството за да добијат шанса за суми пари што ќе им го промени животот.

Инспирираше безброј мемиња и костими за Ноќта на вештерките и покрена продажба на зелени тренерки.

Глобалниот мегахит ќе се врати за втора сезона, соопшти „Нетфликс“ во неделата, нудејќи неколку навестувања за тоа што претстои во мрачната корејска драма.

Хванг Донг Хјук, сценаристот и режисерот на огромниот хит што го гледаа преку 142 милиони домаќинства,  во писмо објавено од „Нетфликс“ откри неколку детали за втората сезона на серијата. Ликовите Ги-хун и „Фронтмен“се враќаат, рече тој, а и човекот во костум со даки можеби ќе се врати.

„Ќе се запознаете и со момчето на Јанг-хи“, додаде тој. Јанг-хи е аниматронска кукла што чувствува движење, прикажана во една од игрите.

„Нетфликс“ не соопшти кога ќе биде објавена новата сезона.

 

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....